22 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ПОМОШ ЗА ВРАЌАЊЕ ОД ИЗРАЕЛ, СООПШТИ МНР

    22 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ПОМОШ ЗА ВРАЌАЊЕ ОД ИЗРАЕЛ, СООПШТИ МНРОд Министерството велат дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани. (Фото: СДК.МК)

    До денес 22 лица побарале помош за напуштање на територијата на Израел и враќање во земјава по почнувањето на конфликтот помеѓу Иран и Израел, соопшти Министерството за надворешни работи. Станува збор за македонски државјани, како и за членови на нивните потесни семејства.

    „Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата“, велат од МНР.

    Оттаму додаваат дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира