АВИОН НА „РАЈАНЕР“ УДРИЛ ВО ОГРАДА ПО СЛЕТУВАЊЕТО ВО ГРЧКИОТ ГРАД КАЛАМАТА И ОШТЕТИЛ КРИЛО, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    АВИОН НА „РАЈАНЕР“ УДРИЛ ВО ОГРАДА ПО СЛЕТУВАЊЕТО ВО ГРЧКИОТ ГРАД КАЛАМАТА И ОШТЕТИЛ КРИЛО, НЕМА ПОВРЕДЕНИСпоред авиокомпанијата, крилото било оштетено при контакт со периметарска ограда, додека авионот се движел по слетувањето (Фото: Икс)

    Авион на „Рајанер“, кој летал од Лондон, претрпел значителна штета откако едно од крилата удрило во метална ограда по слетувањето во јужниот грчки град Каламата. Немало повредени меѓу патниците и екипажот.

    Боинг 737“ полетал од лондонскиот аеродром „Стенстед“, а при слетувањето во Каламата се соочил со лоши временски услови. Еден извор изјавил за весникот „Сан“ дека пилотот ги предупредил патниците дека слетувањето би можело да биде грубо.

    Според авиокомпанијата, крилото било оштетено при контакт со периметарска ограда, додека авионот се движел по слетувањето. Итните служби на аеродромот веднаш реагирале поради првичната загриженост дека би можел да избувне пожар. Патниците останале на своите места додека не биле направени сите проверки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира