СИТЕ СЕДУМ ВИНА НА „МОНТЕКО“ ОСВОИЈА МЕДАЛ НА СВЕТСКИОТ ВИНСКИ НАТПРЕВАР ДЕКАНТЕР

    СИТЕ СЕДУМ ВИНА НА „МОНТЕКО“ ОСВОИЈА МЕДАЛ НА СВЕТСКИОТ ВИНСКИ НАТПРЕВАР ДЕКАНТЕРВината на „Монтеко“ добија три сребра и четири бронзи

    Со освоени седум медали за седум вина на најпрестижниот вински натпревар во светот Декантер (Decanter World Wine Awards 2025), винаријата „Монтеко“ го оствари најголемиот успех во своето едногодишно присуство на пазарот. Во конкуренција на илјадници вина од 57 земји од целиот свет, сите седум вина од портфолиото на „Монтеко“ добија медал на првото учество на Декантер.

    Сребрен медал освоија црвените вина „Вранец“, „Мерло“ и „Неро“, додека бронзен медал добија црвените вина „Филип“ и „Каберне совињон“ и белите вина „Темјаника“ и „Шардоне“. Ова следи само неколку месеци по успехот на Меѓународниот вински предизвик (International Wine Challenge), каде вината на „Монтеко“ освоија шест медали.

    Со постигнатите резултати на Decanter, ‘Монтеко‘ стана единствената македонска винарија, а и една од ретките во светот, чии сите вина се закитија со медал на ова големо натпреварување. Конкуренцијата таму е екстремно силна, се натпреваруваат илјадници вина од целиот свет и водечките светски винарии, а нашите вина добија многу високи оценки од најреномираните вински експерти. Со тоа уште еднаш покажавме дека Кратово е новата точка на винската мапа на светот“, велат од винаријата „Монтеко“.

    *Комерцијална презентација

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира