ОБНОВЕНА ФИЛТЕР-СТАНИЦАТА ВО ТЕТОВСКОТО СЕЛО ЛИСЕЦ ЗА ДА ИМА ПОМАЛКУ РЕСТРИКЦИИ НА ВОДА ВО ГРАДОТ

    ОБНОВЕНА ФИЛТЕР-СТАНИЦАТА ВО ТЕТОВСКОТО СЕЛО ЛИСЕЦ ЗА ДА ИМА ПОМАЛКУ РЕСТРИКЦИИ НА ВОДА ВО ГРАДОТКапацитетот за филтрирање е зголемен од 80 литри вода во секунда на 200 литри во секунда.(Фото: ЈП „Шар“)

    Јавното претпријатие за водовод и канализација „Шар“ изврши сервисирање и целосна реконструкција на филтер-станицата кај селото Лисец, во која се прочистува водата за пиење која доаѓа од зафатот кај месноста Лешница на Шар Планина. Овој проект се спроведува во период од една година и со него е направена темелна техничка реконструкција, односно извршена е замена на целата техничка мрежа, целосно се сервисирани и се ставени во функција сите филтри во станицата, а заменети се и сите вентили во системот за филтрирање.

    „Благодарение на овие интервенции, капацитетот за филтрирање е зголемен од 80 на 200 литри во секунда. Со тоа значително се подобрува снабдувањето со вода за пиење за жителите на Тетово во најчувствителните периоди од годината“, соопштија од ЈП „Шар“.

    Вредноста на инвестицијата изнесувала 1.5 милиони денари.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира