ДЕБИТО НА АПЧЕВСКА „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“ ПОДДРЖАНО СО 210.000 ЕВРА ОД ЕУРИМАЖ

    ДЕБИТО НА АПЧЕВСКА „ПРОЛЕТНО ЧИСТЕЊЕ“ ПОДДРЖАНО СО 210.000 ЕВРА ОД ЕУРИМАЖАпчевска (трета од лево) со краткиот „Северен пол“ во 2021 беше во конкуренција за Златна палма во Кан. (Фото: Гети)

    „Пролетно чистење“, дебитантскиот игран филм на Марија Апчевска, е поддржан со 210.000 евра од паневропскиот филмски фонд Еуримаж. Филмот на Апчевска е меѓу 35 меѓународни копродукции, од кои пет документарци и две анимации, поддржани на јунската сесија на Еуримаж, со вкупно 10,7 милиони евра.

    Меѓу поддржаните се и проектите на Лукас Донт, Павел Павликовски, Рјусуке Хамагучи, Мари Кројцер, Јонас Похер Расмусен и Раду Жуде, а 13 од филмовите се на режисерки.

    По сценарио на Апчевска и Ереник Бекири, „Пролетно чистење“ во продукција на „Кино око“ доби 260.000 евра на конкурсот за филмски за 2022 во прв рок на одлучување на Агенцијата за филм. Копродукција е меѓу Македонија, Грција („Фрос продакшнс“), Словенија („Арсмедиа“) и Србија („Сервиа филм“). Во тек е кастинг за филмот, а снимањето е планирано подоцна во текот на годинава.

    Краткиот „Северен пол“ на Апчевска е првиот македонски филм кој беше во конкуренција за Златна палма на Канскиот фестивал 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира