ЈАНЕВА ПОБАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА СВАРОВСКИ СУДИЈКАТА ПЕТРОВСКА И КОЛЕШКАТА ПОП-СТЕФАНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈАНЕВА ПОБАРА РАЗРЕШУВАЊЕ НА СВАРОВСКИ СУДИЈКАТА ПЕТРОВСКА И КОЛЕШКАТА ПОП-СТЕФАНИЈА

    Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ѝ поднесе претставки за нестручно и несовесно работење на сваровски судијката Лидија Петровска, која го води процесот против ексначалникот на УБК Горан Грујовски, обвинет за нелегално палење на списи и докази за прислушување.

    Јанева истовремено поднела и претставка за разрешување против судијката во претходна постапка Александра Поп-Стефанија, исто така, за кршење на Законот за кривична постапка, за нестручно, несовесно работење и за злоупотреба на функцијата. И во нејзиниот случај се работи за обвинувања од СЈО за незаконско водење на постапката против тогаш осомничениот Грујовски.

    Специјалната обвинителка ја пријави Петровска во Советот за утврдување факти дека нестручно, ненавремено и несовесно ја води постапката против Грујовски, која уште е на почеток и е заглавена во подготвителна расправа. Петровска го тераше СЈО да бара дозвола од УБК, која прислушувала, за да ги користи класифицираните информации како докази. СЈО, се истакнува во претставката, цело време и укажуваше на Петровска дека не е забрането класифицирани информации да се користат како докази во судска постапка.

    Освен тоа, СЈО ја пријавува Петровска и дека нему  ги доставува тонските снимки од подготвителните рочишта, што е противзаконско. Освен тоа, укажува во претставката и дека има опасност од протекување на класифицирани информации, бидејќи кога се читаше на последното рочиште дописот од УБК, јавноста беше извадена надвор, а остана внатре адвокатката Јована Тасевска, која немаше сертификат за класифицирани информации.

    СЈО во поднесокот укажува и дека Петровска не им дозволува на новинарите да го снимаат Грујовски и останатите обвинети од УБК.

    За Александра Поп-Стефанија, пак, Јанева во претставката ја обвинува за намерна повреда на правилата за правично судење, за пристрасност, за злоупотреба на судиската функција и за пречекорување на службените овластувања.
    Јанева бара нејзино разрешување поради, како што наведува, континуирано одбивање на барањата на СЈО, или прогласување на одредени дејствија на СЈО за незаконски, без притоа да ги образложи тие одлуки.

    Таа, наведува јанева, ја прогласила за незаконита постапката за претрес на домот на Грујовски, зашто осомничениот не бил присутен, а тој бил всушност во притвор и не можел да биде присутен. СЈО имало обезбедено наредба за претрес, тврди Јанева.
    Натаму, при одлучувањето за барањето за притвор на Грујовски, оваа судијка, се наведува во претставката, му дозволила на осомничениот да се впушти во расправа со обвинителот на СЈО и во своја одбрана, за кое што немал законско овластување.
    Поп-Стефанија, и на едно од итните барања за претрес, место за 12 часа, на СЈО му одговорила за три дена, со што го повредила Законот за кривична постапка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира