АХМЕТИ ГИ ПОВЛЕКУВА СИТЕ СВОИ МИНИСТРИ ОД ВЛАДАТА

    АХМЕТИ ГИ ПОВЛЕКУВА СИТЕ СВОИ МИНИСТРИ ОД ВЛАДАТААртан Груби, политички советник на лидерот на ДУИ Али Ахмети ни изјави дека од вечерва претседателот ги има сите права да одлучува за натамошните чекори на партијата. - Али Ахмети

    Владиниот коалиционен партнер ДУИ вечерва решил да ги повлече сите министри и заменици министри од Владата на Република Македонија.

    Артан Груби, политички советник на лидерот на ДУИ Али Ахмети ни изјави дека од вечерва претседателот ги има сите права да одлучува за натамошните чекори на партијата. ДУИ најави и ревидирање на политиката во наредните неколку денови.

    Во официјалното соопштение испратено доцна вечерва се вели:

    „Централното раководство на ДУИ одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија. Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот Али Ахмети за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција. Демократската Унија за Интеграција, исто така, ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови.“

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира