СТАРИТЕ ЗГРАДИ ВО КОЧАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ФАСАДИ ПРЕКУ ПРОЕКТ НА „ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА“

    СТАРИТЕ ЗГРАДИ ВО КОЧАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНИ ФАСАДИ ПРЕКУ ПРОЕКТ НА „ХАБИТАТ МАКЕДОНИЈА“Преку проектот ќе се реновираат околу 200 згради во Кочани, Куманово и Карпош. Градоначалникот на Кочани Венко Крстевски и директорот на Хабитат Македонија Зоран Костов (Фото: Хабитат Македонија)

    Дел до старите згради во Кочани ќе добијат енергетски ефикасни фасади и нов лик. Ова е предвидено со Меморандумот за соработка кој го потпишаа Општина Кочани и Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија“.

    Проектот на „Хабитат Македонија“ предвидува на 200 стари згради да се постави енергетско-ефикаснa фасадa и нови прозорци со што ќе се намалат трошоците за струја на домаќинствата. Проектот во вредност од 3 милиони евра е со времетраење од 36 месеци и поддржан од Европската Унија, а учество со финансирање покрај Општина Кочани, веќе имаат земено и Општините Карпош и Куманово.

    Проектот „One Stop Shop“ на Хабитат е финансиран од програма на Европската Унија, се спроведува во партнерство со три општини и е фокусиран на унапредување на енергетската ефикасност во станбениот сектор преку комбиниран модел кој вклучува меки заеми, субвенции и техничка помош.

    Со тоа ќе се смени ликот на Кочани, бидејќи во градот поголем дел од зградите се изградени помеѓу 1970 и 1980 година“, вели в. д. градоначалникот на Кочани Венко Крстевски.

    Според податоците на „Хабитат“, околу 70 отсто од зградите во земјава се енергетски неефикасни.

    Преку поставување на енергетски ефикасни фасади заштедата за струја во домаќинствата е од 30 до 50 отсто. Вложената инвестиција се враќа во рок од 5 до 8 години. Во 70 згради кои досега се реконстриурани преку „Хабитат“, заштетата на струја е 7.900 мегават часови, колку што годишно произведува електична енергија една мала хидроцентрала.

    Соработката со Општините Карпош и Куманово е воспоставена пред повеќе години, додека Општина Кочани за првпат ќе направи ваков исчекор.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира