Спасувачките екипи продолжуваат со големата потрага во Тексас откако во ненадејна поплава загинаа најмалку 24 луѓе, а десетици деца од христијански женски камп се водат како исчезнати. Државните власти кажаа дека се трага по 23 до 25 девојчиња од кампот близу гратчето Кервил, што го посетувале околу 750 деца.
Без многу најави, реката Гвадалуп пораснала за 7,9 метри за помалку од еден час, што доведе до поплава, која однесе мобилни домови, автомобили и бунгалови во моментот кога луѓето го славеле Денот на независноста. Вонредна состојба е прогласена во неколку окрузи, каде што се уништени патишта и телефонски линии.
„За само 45 минути, реката Гвадалуп порасна за 7,9 метри, предизвикувајќи уништувачка поплава, која, за жел, однесе и животи. Исчезнатите деца можеби не се изгубени, можеби само не може да се стапи во контакт со нив“, изјави заменик-гувернерот на Тексас Ден Гордон.
Според сајтот на кампот „Мистик“, децата можат да аплицираат за учество откако ќе го завршат второто одделение. Од кампот кажаа дека немаат струја, вода и интернет и дека тешко добиваат помош поради уништениот автопат.