ПРИВЕДЕН СОПСТВЕНИКОТ НА ОТПАДОТ ЗА СТАРО ЖЕЛЕЗО КАДЕ ИЗБИ ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО, ЕДЕН ПОВРЕДЕН

    ПРИВЕДЕН СОПСТВЕНИКОТ НА ОТПАДОТ ЗА СТАРО ЖЕЛЕЗО КАДЕ ИЗБИ ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО, ЕДЕН ПОВРЕДЕНВо пожарот едно лице е повредено и однесено во болница за укажување лекарска помош. (Фото: К.Попов)

    Приведен е сопственикот на отпадот за старо железо во Визбегово каде утрово изби голем пожар, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Во пожарот едно лице е повредено и однесено в болница за укажување лекарска помош.

    Во 9.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. Досега нема зафатено приватен имот, куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот“, велат од Министерството за внатрешни работи.

    Јавен обвинител ќе издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или врз животната средина, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.

    Во гасењето на пожарот покрај скопската Пожарна вклучен е и „ер тракторот“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

    Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) кажаа дека пожар се шири и има ризик за проширување кон околните површини, а опасно е бидејќи во близина се наоѓаат станбени куќи. д ЦУК велат дека му е укажано на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш дека ако се процени ќе има потреба за евакуација на населението кое се наоѓа во тој реон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира