Народниот правобранител Насер Зибери на 12 јули исполнил услов за пензија, а во Службен весник на Македонија сѐ уште не е објавен огласот за избор на нов Омбудсман. Иако пратениците на 10 јули изгласа одлука да се распише конкурс, одлуката не е потпишана бидејќи претседателот на Собранието Африм Гаши беше на службен пат.
Затоа, од вчера граѓаните останаа без Народен правобранител.
Институцијата останува да функционира со само двајца заменици-омбудсмани. Тоа се Илбер Руфати од Кичево и Соња Трифуновска од Скопје.
Фалат седум заменици и уште еден наскоро заминува в пензија. Долго време Собранието не избира ни заменици, ниту пак ја дава самостојноста на институцијата, која ѝ е загарантирана со Уставот.
Вработените во Народниот правобранител велат дека и покрај „обезглавувањето“ на институцијата која е првиот заштитник на човековите права во една современа и демократска држава, никогаш нема да престанат да ги прифаќаат и да ги работат претставките на граѓаните.
С. К. ДЕЛЕВСКА