Олимпискиот медалист во ски-крос Аудун Грунволд почина откако беше погоден од гром, објави Норвешката скијачка федерација. Имаше 49 години. Грuнволд освои бронза на Олимпијадата во Ванкувер во 2010.
„Со голема тага ја примивме веста за ненадејната смрт на Аудун Грунволд“, соопшти федерацијата. „Поранешниот репрезентативец во алпско скијање и ски-крос неодамна беше погоден од гром додека бил во викендицата“. Федерацијата соопшти дека Грунволд бил „брзо однесен в болница ибил лекуван за повредите што ги добил од ударот од гром“, но починал во синоќа.
Грунволд беше член на норвешкиот алпски скијачки тим пред да се префрли во фристајл и ски крос. Тој имаше еден пласман на подиумот како алпски скијач на Светскиот куп, завршувајќи трет во спуст во Сиера Невада, Шпанија, во 1999. Освои и бронзен медал во ски крос на Светското првенство во 2005 и на вкупниот пласман во ски крос купот во 2007. По завршувањето на кариерата, стана тренер на репрезентацијата и ТВ коментатор.