ОЧНА ЛЕКАРКА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНА ЗА ПРИМАЊЕ МИТО, БОЛНИЦАТА ПОКРЕНА ПОСТАПКА ЗА СУСПЕНЗИЈА

    ОЧНА ЛЕКАРКА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНА ЗА ПРИМАЊЕ МИТО, БОЛНИЦАТА ПОКРЕНА ПОСТАПКА ЗА СУСПЕНЗИЈАНеофицијално, лекарката била затекната со бележени пари. (Фото: СДК.МК)

    Очна лекарка вработена во Клиничката болнца во Битола е уапсена поради сомнение дека примила мито. Од СВР Битола соопштија дека станува збор за И. Д. (67) од Битола, која била фатена денес во координирана акција на битолската полиција со Основното јавно обвинителство (ОЈО). Таа се товари дека сторила кривично дело Примање поткуп казниво по чл.357 од Кривичниот законик. Од полиција велат дека се преземаат мерки за расветлување на пријавениот настан и поднесување кривична пријава.
    Неофицијално, лекарката била затекната со бележени пари.

    Од Обвинителството соопштија дека постапуваат по кривично дело Примање поткуп од осомничена докторка. Но, сѐ уште се преземаат дејствија, па повеќе информации ќе има утре.

    Од Министерството за здравство најостро го осудуваат секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем.

    „Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница ‘Др. Трифун Пановски’ во Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури. Очекуваме институционална истрага и завршница од надлежните органи, со цел ефикасна борба против корупцијата. Ги повикуваме граѓаните да продолжат да пријавуваат преку веб алатката ‘Пријави неправилности’, додека институциите да продолжат постапуваат доследно и без селективност’, соопштија од Министерството.

    Од Клиничката болница изразија жалење за ситуацијата во која биле доведен пациентот и неговото семејство, велат дека се згрозени и се оградуваат од постапката на осомничената лекарка.

    „Во согласност со Министерството за здравство итно е спроведена постапка за суспензија на осомничената лекарка сè додека трае процесот на истрагата согласно важечките законски прописи. Поразителен е фатот што незаконските дејанија од лекар кон пациент се случуваат во здравството, но силно охрабрува фактот што овие случаи добиваат јавност, транспарентно и законито постапување од страна на државните органи“, соопшти болницата и изрази и сериозна загриженост што по втор пат од почетокот на годината се соочува со незаконско постапување на нејзин лекар на штета на пациент.

    Основниот суд од Битола во март годинава му изрече условна казна на познатиот битолски хирург М. С. (64), кој на 27 јануари по извршена операција на жолчно кесе кај пациентка во Клиничката болница во Битола примил мито од 150 евра.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира