ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА УТРЕ ЌЕ ИМА НОВА РУНДА МИРОВНИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА

    ЗЕЛЕНСКИ ВЕЛИ ДЕКА УТРЕ ЌЕ ИМА НОВА РУНДА МИРОВНИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНАСредбата во јуни траеше само еден час (Фото: АП)

    Русија и Украина ќе одржат нова рунда мировни разговори утре во Истанбул, изјави Володимир Зеленски.

    Разговарав со шефот на украинскиот Совет за безбедност Рустем Умеров за подготовките за размена на заробеници и за нова средба со руската страна во Истанбул. Тој ме извести дека средбата е договорена за среда“, кажа Зеленски.

    Тој викендов предложи нова рунда мировни разговори, неколку дена откако Доналд Трамп ѝ се закани со Русија со сериозни санкции ако не прифати прекин на огнот во рок од 50 дена. Вашингтон исто така вети нови испораки на оружје за Украина откако Русија ги засили воздушните напади, кои продолжија и вчера.

    Кремљ досега не ја коментираше најавата на Зеленски, но руските државни медиуми објавија дека разговори ќе се одржат оваа недела. Портпаролот на турската влада изјави дека средбата ќе се одржи во Истанбул, како што беше случај и во мај и јуни, кога не беше постигнат никаков напредок.

    Висок украински функционер изјави дека и претстојните разговори ќе се фокусираат на размена на заробеници и на можна средба Зеленски-Путин. Москва, чии сили напредуваат на фронтот, вели дека се мали шансите наскоро да се реши војната во Украина.

    Двете страни се дијаметрално спротивставени и претстои многу дипломатска работа“, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира