ЗАТВОРЕН ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН МЕЏИТЛИЈА ПОРАДИ ПОЖАР НА СТРНИШТА

    ЗАТВОРЕН ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН МЕЏИТЛИЈА ПОРАДИ ПОЖАР НА СТРНИШТАСтотина патници кои планирале попладнево од Грција да влезат во Македонија се вратени назад и упатени на преминот Богородица. (Фото: СДК.МК)

    Поради пожар на стрништа затворен е преминот Меџитлија на македонско-грчката граница. Стотина патници кои попладнево од Грција влегуваат во Македонија се вратени назад и упатени на преминот Богородица.

    ,,Ни беше речено дека поради пожар не работи во моментов границата и ќе мора да причекаме. Голем број на автомобили чека да влезе во државата. Застанавме кај бензинската пумпа пред границата”, велат патници.

    Христијан Тодоровски, командир на Битолската пожарна, за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека во близина на граничниот премин Меџитлија горат стрништа, па од безбедносни причини времено е затворен преминот од страна на полицијата. Се претпоставува дека стрништата се намерно запалени. Горат околу 70 хектари и пожарната е на терен и го гаси огнот.

    Се очекува попладнево да биде пуштен граничниот премин.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира