ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЛЕГИТИМИРАШЕ НОВИНАРСКИТЕ ЕКИПИ КОИ ГИ СЛЕДЕА НАСТАНИТЕ ВО ДЕМИР ХИСАР ПОВРЗАНИ СО ДИРЕКТОРСКИТЕ СМЕНИ ВО ГИМНАЗИЈАТА, ЗА МВР БИЛЕ НЕПОЗНАТИ ЛИЦА

    ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЛЕГИТИМИРАШЕ НОВИНАРСКИТЕ ЕКИПИ КОИ ГИ СЛЕДЕА НАСТАНИТЕ ВО ДЕМИР ХИСАР ПОВРЗАНИ СО ДИРЕКТОРСКИТЕ СМЕНИ ВО ГИМНАЗИЈАТА, ЗА МВР БИЛЕ НЕПОЗНАТИ ЛИЦАПолициските службеници ги запишаа комплетно сите податоци од личните карти од адреса и датум на раѓање, па дури и бројот на регистерска табличка од возилата. Ова се случи иако новинарите носеа новинарски легитимации. (Фото: СДК.МК)

    Новинарските екипи од САКАМДАКАЖАМ.МК и ТВ Телма денеска беа легитимирани од полициските службеници во Демир Хисар додека го следеа увидот во Гимазијата каде беше пријавено провалување во директорската канцеларија. Од полицијата на новинарите им беше кажано да дадат лични карти зашто се воделе како непознати лица на настанот.

    Полициските службеници ги запишаа комплетно сите податоци од личните карти од адреса и датум на раѓање, па дури и бројот на регистерска табличка од возилата. Ова се случи иако новинарите носеа новинарски легитимации.

    Новинарите го следеа настанот во кој досегашната директорка Маја Лозановска, по боледувањето и претресот во домот, дојде во Гимназијата каде беше присутна и новата в. д. дирекрорка Јасмина Дамчевска назначена од градоначалникот Никола Најдовски. Лозановска и нејзиниот адвокат во полиција пријавија дека е провалено во директорската канцеларија.

    Тие денеска се јавија на информативен разговор во полиција, но беа прашани кој ги повикал, и повикани се утре, 13 август, пак да дојдат во полиција на разговор.

    На 8 август вечерта, полицијата направи претрес во домот на Лозановска барајќи го печатот од училиштето. Таа во тој период беше на боледување, а полицискиот началник рече дека и на носилки ќе ја однесе на информативен разговор иако имаше налог само за претрес, а не и за нејзино лишување од слобода. Од МВР покренаа дисциплинска постапка против началникот, а за случајот соопштија дека против директорката имало пријава и постоеле основи на сомневање за кривично дело Одземање печат и службени документи.

    Четири дена претходно, градоначалникот ја имаше разрешено Лозановска, како што рече по налог на Просветниот инспекторат поради неправилности во работењето. Но, адвокатот Стеваноски изјави дека целта била да се назначи новата в. д. директорка која ќе ги заврши трите вработувања пред распишување на локалните избори, кои преседателот на Собранието Африм Гаши ги распиша на 9 август, а ќе се одржат на 19 октомври.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира