Кај три лица од Штип при претрес на дом биле најдени пушки и муниција. Како што соопштија од СВР Штип, на 19 август во 18,30 часот полициски службеници ги лишиле од слобода Е. Д. (21 ), Н. Р. (38 ) и 26-годишната В. М.
„Постапувајќи по претходно добиени сознанија и во согласност со Е. Д. кој е еден од приведените, полициските службеници извршиле претрес на неговиот дом, каде биле затекнати Н. Р. и В. М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62 милиметри, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62 милиметри и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7,62 милиметри“, соопштија од СВР Штип.
Т. ЈОВАНОВСКИ