СО ЛОВЕЧКИ НОЖ МУ ВЛЕГОЛ ДОМА И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ, ПА МУ ЗЕЛ 3.000 ДЕНАРИ И МУ ОСТАВИЛ 1.000 ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕ

    СО ЛОВЕЧКИ НОЖ МУ ВЛЕГОЛ ДОМА И МУ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ, ПА МУ ЗЕЛ 3.000 ДЕНАРИ И МУ ОСТАВИЛ 1.000 ЗА ДА ПРЕЖИВЕЕЈавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор за осомничениот. (архивска фотографија)

    Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 32-годишен скопјанец кој е осомничен за разбојништво.

    Според обвинителството, тој на 18 август влегол во куќата на негов соселанец во скопското село Бучимци. Лицето го покрил со маица и носел капа, а во домот влегол низ незаклучена врата.

    Во раката држел ловечки нож и кога го сретнал сопственикот во една од собите, му се заканил дека ќе го лиши од живот доколку не му даде пари.

    Оштетениот, во страв за својот живот, од комода извадил 4.000 денари. Го замолил разбојникот да му остави барем 1.000 денари, бидејќи му биле неопходни. Осомничениот се согласил, ги зел останатите 3.000 денари и си заминал.

    Јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор за осомничениот. Како причини се наведени опасноста од бегство, можноста да влијае врз сведокот преку заплашување, како и веројатноста да го повтори кривичното дело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира