ПАДНА НОВИОТ РАСПОРЕД НА СУДИИ СО КОИ МИХАЈЛОВА ОДДАЛЕЧИ 20 КОЛЕГИ ОД ПРЕДМЕТИ НА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПАДНА НОВИОТ РАСПОРЕД НА СУДИИ СО КОИ МИХАЈЛОВА ОДДАЛЕЧИ 20 КОЛЕГИ ОД ПРЕДМЕТИ НА СЈО

    Врховните судии на Општата седница денеска уважиле седум од вкупно осумте поднесени приговори од судиите од Основниот суд Скопје 1, кои со Годишниот распоред што го донесе, в.д. претседателката Татјана Михајлова ги размести или во Судот за прекршоци, или на судење по стари судски предмети.
    Сега таа ќе мора да прави нов распоред, објаснуваат врховните судии со кои контактираше САКАМДАКАЖАМ.МК. Врховниот суд, сепак, велат соговорниците, не може да ги врати назад на старите работни места и на судските предмети што си ги работеа прераспоредените судии. Тоа е во надлежност на претседателот на судот, во случајов на в.д. претседателката Татјана Михајлова.
    Приговорите на судиите се прифатени бидејќи Михајлова ги распоредила без нивна согласност, потврдија врховни судии за САКАМДАКАЖАМ.МК.
    Со новиот Годишен распоред, како што обвинија разместените судии, Михајлова одделот на претходна постапка, кој што одлучува за притвор, одделот за организиран криминал и кривичниот оддел кој суди предмети по новиот ЗКП, ги исчистила од судии кои не треба по никоја случајност да дојдат во допир со предметите кои доаѓаат од Специјалното јавно обвинителство. Таа самата се ставила претседател на Одделението за организиран криминал, а таму направила и смени, па за еден од судиите го ставила и експретседателот Владимир Панчевски. Панчевски со новиот распоред го поставила и за претседател на кривичниот совет, кој ќе решава по жалбите на СЈО за одбиениот притвор.
    Од одделот во претходна постапка, пак, тргната е судијката која му одреди притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески, како и таа која издаде налог на СЈО за претрес во УБК.
    Од вкупно 20-ина разместени судии, приговарале осум. Дел од овие судии се на боледување, па уште не го примиле Годишниот распоред за да се жалат, а некои од нив не  приговарале, бидејќи, како што ни изјавија, не веруваат во моќта на Врховниот суд да ја исправи неправдата од Михајлова.
    За приговорите, пак, на четворицата врховни судии кои го спорат новиот распоред на в.д. претседателката на Врховниот суд Снежана Бајлозова, тие на Општа седница ќе решаваат во понеделник.

     

    С. К. ДЕЛЕВСКА  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира