ДВАЈЦА УАПСЕНИ ЗА ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ ВО ТЕТОВO, ОДЗЕМЕНИ 187 ШТЕКИ БЕЗ БАНДЕРОЛИ И 27 КИЛА ТУТУН

    ДВАЈЦА УАПСЕНИ ЗА ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ ВО ТЕТОВO, ОДЗЕМЕНИ 187 ШТЕКИ БЕЗ БАНДЕРОЛИ И 27 КИЛА ТУТУНБиле одземени 187 штеки цигари без бандероли и 27 кила тутун. (Фото: МВР)

    Рано изутринава, службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на МВР, при контрола на две возила од Тетово открила поголема количина цигари и дробен тутун. Двете лица се приведени и се сомничат за шверц со цигари.

    „Лишиле од слобода се две лица Б. З. (65) и И. Р. (67), двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило ‘фолксваген голф‘ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б. З., биле пронајдени и одземени 13 кутии со филтри за цигари, 129 штеки разновидни цигари, 14,5 килограми дробен тутун, машинки за полнење на цигари и СИМ картички. Додека, пак при контрола на патничко возило ‘фолксваген голф‘ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И. Р., биле пронајдени и одземени 58 штеки разновидни цигари, 12,5 килограми дробен тутун, машинки за правење цигари, сим картички, табакери и 19 кутии со филтри за цигари“, соопшти МВР.

    Од таму велат дека лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени пријави по член 278-б и 279 од Кривичниот законик.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира