КОНТЕЈНЕР СТОИ ПОЛН МЕСЕЦ ДЕНА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, КАМИОНИТЕ НЕ ГО СОБИРААТ ЃУБРЕТО ОТИ Е СКРШЕН

    КОНТЕЈНЕР СТОИ ПОЛН МЕСЕЦ ДЕНА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ, КАМИОНИТЕ НЕ ГО СОБИРААТ ЃУБРЕТО ОТИ Е СКРШЕНВработените во околните дуќани велат дека центарот на градот смрди од ѓубрето кое е скапано, но никој не наоѓа начин како да го собере.(Фото: СДК.МК)

    Еден месец полн контејнер од ѓубре стои на улицата Даме Груев спроти поранешно „Беко“ во центарот на Скопје. Контејнерот е скршен па возилата на ЈП „Комунална хигиена“ не можат да го подигнат и оставен е преполн со ѓубре.

    Вработените во околните дуќани велат дека центарот на градот смрди од ѓубрето кое е скапано, но никој не наоѓа начин како да го собере.

    На овие горештини во строг центар на градот стои преполн контејнер. Не можеме да излеземе од дуќаните од што смрди. Другите контејнерите ќе ги испразнат, но овој не го чепкаат. Како е можно да нема начин да се собере ѓубрето“, велат граѓани кои испратија фотографии до нашата редакција.

    Проблемот во Скопје со нередовно празнење на контејнерите трае веќе неколку години, па градот е затрупан во ѓубре.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира