НЕ СЕ ЗА КАПЕЊЕ РЕКИТЕ ТОПОЛКА И БАБУНА ВО ДОЛНИОТ ТЕК, КАЖА ВЕЛЕШКИОТ ОД ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА КРАЈОТ НА ЛЕТОТО ОТКАКО ЛЕКАРКАТА СЕ ВРАТИ ОД ОДМОР

    НЕ СЕ ЗА КАПЕЊЕ РЕКИТЕ ТОПОЛКА И БАБУНА ВО ДОЛНИОТ ТЕК, КАЖА ВЕЛЕШКИОТ ОД ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ НА КРАЈОТ НА ЛЕТОТО ОТКАКО ЛЕКАРКАТА СЕ ВРАТИ ОД ОДМОРПосле месноста Пешти водата во Бабуна не е за капење, а слично е и со Тополка. (Фото: СДК.МК)

    Водата во реките Тополка и Бабуна во долниот тек не е за капење, ниту за рекреација, одговори на нашето прашање при крајот на летото Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес. И тоа откако докторката која ја следи оваа проблематика се вратила од одмор.

    „После месноста Пешти водата во Бабуна не е за капење. Таа е со загаденост по микрибиолошки индикатори и со присуство на амонијак во трета категорија. Ова јасно кажува дека населбата која таму се изгради директно влијае на квалитетот на водата, во отсуство на систем за собирање на отпадни води, канализација. Слична е состојбата и со реката Тополка. Со години таму после т. н. индустриски дел, после ‘Порцеланка’, таа не е за капење, водата е загадена“, кажа д-р Снежана Петрова од Центарот за јавно здравје Велес.

    Со децении, информацијата за квалитетот на водите кои велешани ги користат за рекреација во лето се објавуваше во текот на јули. Годинава на крајот на летото. Добра е состојбата на водите во базените од хотелите каде има бројни гости, пред сè деца.

    „Се случуваа мали отстапувања, но веќе следното контролно мерење, беше во ред“, рече д-р Петрова.

    Таа кажа дека колегите од ЦЈЗ Велес за состојбата со водата во реките Бабуна и Тополка ги информирале надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира