ДЕКАНОТ НА ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ ГОРАН МАРКОВСКИ Е КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ ОД „НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО“

    ДЕКАНОТ НА ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ ГОРАН МАРКОВСКИ Е КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ ОД „НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО“Кандидатурата на професорот Марковски е поддржана од граѓанската платформа „Независни заедно“ составена од „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.(Фото: СДК.МК)

    Деканот на Градежнниот факултет на државниот универзитет „Свети Кирил и Методија“ Горан Марковски е кандидат за градоначалник на Град Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“ на претстојните локални избори. Кандидатурата на професорот Марковски е поддржана од граѓанските иницијативи на „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.

    Професор д-р Горан Марковски е истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје. Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, велат од „Независни заедно“.

    Марковски утре (среда) на прес-конференција пред Камениот мост ќе ја објави својата кандидатура за градоначалник.

    Досега кандидатура за градоначалник на Град Скопје објави ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Левица. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е актуелниот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, на СДСМ поранешната министерска за животна средина Каја Шукова, а на Левица пратеникот Амар Мециновиќ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира