ВО ВЕЛЕС ПОСТАВЕНА НОВА СОВРЕМЕНА ОПРЕМА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ВОДОСТОЈОТ НА ВАРДАР

    ВО ВЕЛЕС ПОСТАВЕНА НОВА СОВРЕМЕНА ОПРЕМА ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ВОДОСТОЈОТ НА ВАРДАРВо иднина, податоците од станицата треба да бидат досташни за јавноста преку веб-страницата на УХМР (Фото: СДК.МК)

    Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) инсталирала нова, софистицирана опрема за мерење на водостојот на Вардар и неговиот проток во Велес. Опремата која е набавена од хрватската фирма „Геолокус“ е поставена на Хидролошката станица Велес, лоцирана на Стар мост. Целта е подобрување на хидролошкиот мониторинг во државата.

    „Во изминатиот период се вршеа тестови и проверки пред официјалниот почеток на работа. За јавноста да се запознае со овој нов инструмент, на веб-страницата на УХМР ќе бидат објавувани податоци кои сега се во фаза на тестирање и треба да се земат со одредена резерва. Податоците од оваа станица ќе се користат за рано предупредување во случај на поплави и за следење на поплавни бранови“, соопштија од УХМР.

    Пред инсталирањето на опремата, УХМР вршела хидрометриски мерења со АДЦП инструмент за дефинирање на протекот на водата, при што биле добиени основни податоци и карактеристики за сетирање на инструментот во фабриката во Хрватска, а потоа и за финални подесувања, како во канцеларија, така и на терен.

    „Извршено е инсталирање на опремата на мостот и пуштање во работа. Инструментот е снабден со два радара и тоа за ниво на вода и за детекција на брзината на движењето на водата. Има и камера за визуелно набљудување на водомерната летва и ситуацијата со реката. Во иднина, податоците од станицата треба да бидат досташни за јавноста преку веб-страницата на УХМР“, информираа од управата.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира