НАД 600 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕС ОД ШЕСТ СТЕПЕНИ ВО АВГАНИСТАН

    НАД 600 ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕС ОД ШЕСТ СТЕПЕНИ ВО АВГАНИСТАНЗемјотресот се почувствувал од Кабул до главниот град на Пакистан, Исламабад (Фото: Икс)

    Над 600 луѓе загинале, а повеќе од 1.300 се повредени откако земјотрес со јачина од шест степени според Рихтерова скала го погоди источен Авганистан, близу границата со Пакистан, објави талибанското министерство за внатрешни работи. Властите кажаа дека во тек е спасувачка операција за извлекување на преживеани од урнатините и се очекува бројот на загинати да расте. 

    Епицентарот на земјотресот бил 27 километри североисточно од трговскиот град Џалалабад и се случил на длабочина од осум километри, според Геолошкиот институт на САД. Дваесен минути подоцна имало уште еден земјотрес од 4,5 степени. Земјотресот се почувствувал од Кабул до главниот град на Пакистан, Исламабад, оддалечен 300 километри.

    Бројот на жртви и повредени е висок, а до погодената област тешко може да се пристапи. Неколку села се срамнети со земја и има значителна штета во други“, изјави портпаролот на министерството за здравство.

    Властите на провинцијата Кунар кажаа дека има најмалку 250 загинати и 500 повредени во пет окрузи.

    Авганистан се наоѓа во подрачје подложно на земјотреси. Во последниот голем земјотрес во октомври 2023 загинаа повеќе од илјада луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира