МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ И МИРОСЛАВ ЛАБУДОВИЌ КАНДИДАТИ НА „ЗНАМ“ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА КУМАНОВО И ЦЕНТАР, ЌЕ ГИ ПОДДРЖИ И ВМРО-ДПМНЕ

    МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ И МИРОСЛАВ ЛАБУДОВИЌ КАНДИДАТИ НА „ЗНАМ“ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА КУМАНОВО И ЦЕНТАР, ЌЕ ГИ ПОДДРЖИ И ВМРО-ДПМНЕДимитриевски е актуелен градоначалник и лидер на ЗНАМ, а Лабудовиќ е заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини. (Фото: СДК.МК)

    Движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“ на претстојните локални избори ќе има двајца кандидати за градоначалници, и тоа во Општина Куманово со актуелниот градоначалник и лидер на ЗНАМ Максим Димитриевски и во Општина Центар со актуелниот заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ.

    Синоќа на седница на Извршниот и Централниот одбор на ЗНАМ била усвоена одлуката за взаемна соработка со владиниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ во делот на кандидатите за градоначалници, како и за самостојни советнички листи во повеќе од 50 општини во државата, соопшти партисиот портпарол Никола Мемов.

    Мемов кажа дека ваквата одлука значи оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи нивните кандидати и дека во тие општини тие нема да излезат со свој кандидат, а ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини, вклучувајќи го и Град Скопје.

    Локалните избори ќе се одржат на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира