Словенечкиот премиер Роберт Голоб се венчаше со поранешната мис Словенија Тина Габер на церемонија што се одржа во вила во Струњан на јадранскиот брег. Матичар на церемонијата, што словенечките медиуми ја нарекоа „венчавка на годината“, беше градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.
Покрај роднини и пријатели, гости на венчавката беа неколкумина министри и еврокомсарката за проширување Марта Кос. На медиумите им беше забранет пристап во вилата.
Педесет и осумгодишниот Голоб и 19 години помладата Габер почнаа да се појавуваат заедно во јавност во февруари 2023. Габер е позната како активистка за заштита на животни и инфлуенсерка.
Голоб, кој е премиер од 2022, претходно повеќе од 30 години беше во брак со Јана Немец, со која има три деца.