СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ЌЕ ИМАМЕ 3,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА КУПУВАЊЕ АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

    СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ ЌЕ ИМАМЕ 3,5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА КУПУВАЊЕ АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИЧленките на НАТО се обврзаа да донираат пари за купување оружје за Украина (Фото: АП)

    Володимир Зеленски изјави дека Украина до следниот месец би требала да има фонд од 3,5 милијарди долари за купување оружје од САД.

    Финансискиот договор познат под името Листа на приоритетни барања за Украина (ПУРЛ) собира донации од членките на НАТО, со исклучок на САД, за купување американски оружја, муниција и опрема.

    Досега примивме повеќе од две милијарди долари од нашите партнери за програмата ПУРЛ. Ќе добиеме дополнителни пари следниот месец и мислам дека ќе имаме околу 3,5-3.6 милијарди долари“, изјави Зеленски.

    Тој не откри детали какви оружја ќе бидат вклучени во првата пратка, но додаде дека дефинитивно ќе има проектили за противвоздушните системи „патриот“ и муниција за ракетните системи „ХИМАРС“. Првите се важни за одбрана од руските воздушни напади, а со вторите Украина може да гаѓа цели на поголемо растојание.

    И покрај напорите на САД, не се гледа крај на три и полгодишната војна. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, повторно нагласи дека Русија е отворена за преговори и сака дипломатско решение.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира