ЏИМИ КИМЕЛ Е НЕТАЛЕНТИРАН И ОДАМНА ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ОТПУШТЕН, КАЖА ТРАМП

    ЏИМИ КИМЕЛ Е НЕТАЛЕНТИРАН И ОДАМНА ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ОТПУШТЕН, КАЖА ТРАМПЕј-Би-Си го откажа вечерното шоу на Кимел поради неговите коментари за убиството на Чарли Кирк (Фото: АП)

    Џими Кимел требаше да биде отпуштен одамна зашто имаше многу слаб рејтинг, изјави Доналд Трамп, реагирајќи на одлуката на ТВ-мрежата Еј-Би-Си да го откаже вечерното шоу на популарниот водител. Шоуто на Кимел е тргнато од програмата на неодредено време поради неговите коментари за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк.

    Џими Кимел е отпуштен зашто, пред сѐ, имаше многу слаб рејтинг и кажа ужасни работи за големиот господин Чарли Кирк. И Џими Кимел не е талентиран. Требаше одамна да биде отпуштен. Можете да го наречете тоа слобода на говор или не, но беше отпуштен поради недостиг на талент“, кажа Трамп.

    Кимел оваа недела во своето шоу кажа дека „МАГА бандата“ се обидува да добие политички поени од убиството на Кирк.

    МАГА бандата очајно се обидува да го окарактеризира ова дете кое го уби Чарли Кирк како нешто што не е едно од нив и прави сè што може да добие политички поени од тоа“, кажа Кимел.

    Тој исто така ја критикуваше одлуката знамињата да се спуштат на половина копје во чест на Кирк и се потсмеваше со реакцијата на Трамп на пукањето.

    Шефот на Федералната агенција за комуникации Брендан Кар изјави дека Кимел ја заведувал јавноста со своите коментари за Кирк.

    Коментарите на Кимел не беа шега или потсмевање. Каналите со лиценца за емитување телевизија имаат поголема одговорност од подкастите“, рече Кар, додавајќи дека довербата во медиумите е на најниско ниво досега.

    Кимел досега не је коментираше одлуката за откажување на шоуто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира