ПРЕСУДАТА СО ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА СКОПЈЕ И ПРИБЛИЖУВАЊЕ ДО РОСИЦА СТИГНАЛА ДЕН ОТКАКО ИЛИЈА ЈА УБИ НЕА И ТАТКО Ѝ

    ПРЕСУДАТА СО ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА СКОПЈЕ И ПРИБЛИЖУВАЊЕ ДО РОСИЦА СТИГНАЛА ДЕН ОТКАКО ИЛИЈА ЈА УБИ НЕА И ТАТКО ЍУбиство се случи во понеделникот попладне, кога Илија С. со нож ја нападнал Росица К., нанесувајќи ѝ шест убодни рани, две во вратот. - Домот на таткото на Росица во Велес (Фото: СДК.МК)

    Илија С., кој на 15 септември во Велес ги уби својата поранешна девојка Росица К. и нејзиниот татко Киро К. пред да се самоубие, го извршил делото и покрај две активни судски мерки за забрана, покажува пресудата на Основниот суд Велес, која обвинителството и одбраната ја примиле ден по двојното убиство.

    Сториелот ја прекршил првата мерка, забрана за напуштање на местото на живеење Скопје, со самото доаѓање во Велес за да го изврши убиството. Тој, исто така, не ја испочитувал ниту втората мерка – забрана за приближување и воспоставување контакт со Росица К., со тоа што ја чекал во домот на нејзиниот татко за да ја убие.

    Истрагата допрва треба да утврди кога точно е убиен таткото Киро К. и дали сторителот поминал одредено време со неговото тело во куќата.

    Дополнително, вештачењето на пронајдените мобилни телефони треба да разјасни дали Илија С. телефонски ја повикал Росица да дојде или таа самата пристигнала откако не можела да го добие својот татко.

    Од Основниот суд Велес велат дека на 10 септември на обвинетиот му била изречена алтернативна мерка – условна осуда од една година и четири месеци затвор, која не би се извршила доколку во рок од три години не стори ново кривично дело. Оваа осуда се однесувала на претходни дела за Загрозување на сигурноста при семејно насилство и Насилство, сторени во февруари и март годинава. Обвинителството ја примило пресудата на 16 септември, еден ден по убиствата.

    Од Основен суд Велес попладнево соопштија дека по барање на Центарот за социјални работи Велес биле изречени и дополнителни три мерки, кои во судска постапка станале правосилни, со важност од шест месеци.

    „Забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство, забрана да малтретира, вознемирува, телефонира, контактира или на друг начин комуницира со жртвата дирекно или индиректно и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри до живеалиштето на жртвата. Изречени предложени мерки, ќе траат 6 месеци. Предметот е правосилен од 26 јуни годинава“ соопштија од Основен суд Велес.

    Од Основен суд Велес дополнија дека во јуни месец примена е приватна кривична тужба од приватен тужител Илија С. од Скопје против обвинетите Росица и уште едно лице, дека сториле кривично дело Телесна повреда по која тужба е формиран предмет.

    Според евиденцијата на СВР Велес, Росица претходно поднела седум пријави против Илија. Меѓу нив е и пријава од 18 мај за запален автомобил „Мицубиши“, сопственост на нејзиниот татко, кој претходно бил украден. За овој случај, ОЈО Велес издало наредби за обезбедување докази и снимки од видеонадзор, по кои МВР сè уште постапува. На 19 јуни, вработена во маркет во соседството пронашла УСБ со експлицитни фотографии и видеа од Росица и Илија.

    Од друга страна, Илија поднел три пријави до полицијата против Росица.

    Двојното убиство се случи во понеделникот попладне, кога Илија С. со нож ја нападнал Росица К., нанесувајќи ѝ шест убодни рани. Нејзиното момче Ф.Т. ја изнело во дворот, додека сторителот се заклучил во куќата и се самоубил со шест убоди во вратот. И покрај обидите за реанимација во велешката болница, и двајцата им подлегнале на повредите.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира