САЈБЕРНАПАД ГО НАРУШИ РАБОТЕЊЕТО НА АЕРОДРОМИТЕ ВО ЛОНДОН, БРИСЕЛ И БЕРЛИН

    САЈБЕРНАПАД ГО НАРУШИ РАБОТЕЊЕТО НА АЕРОДРОМИТЕ ВО ЛОНДОН, БРИСЕЛ И БЕРЛИНПогодени се системите за пријавување и качување во авион (Фото: ПА)

    Кибернетички напад врз системите за пријавување и качување во авион предизвика прекин на работењето на неколку големи европски аеродроми, вклучувајќи ги Лондон, Брисел и Берлин, што доведе до доцнења и откажувања на летови денеска.

    Фирмата „Колинс аероспејс“, која ги обезбедува овие системи за неколку авиокомпании на повеќе аеродроми низ целиот свет, се соочува со технички проблем што може да предизвика доцнења за патниците кои заминуваат, соопшти лондонскиот аеродром „Хитроу“.

    Од бриселскиот аеродром кажаа дека нападот ги направил автоматизираните системи нефункционални, дозволувајќи само рачни процедури за пријавување и качување.

    „Ова има големо влијание врз распоредот на летовите и за жал, ќе предизвика доцнења и откажувања на летови. Давателот на услуги активно работи на проблемот и се обидува да го реши што е можно побрзо“, објави аеродромот во Брисел.

    Аеродромот во Франфурт, кој е најголем во Германија, кажа дека не е погоден од проблемот.

    Поради технички проблем на системот што се користи низ цела Европа, има подолго време на чекање при пријавување. Работиме на брзо решение“, соопшти аеродромот во Берлин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира