ВО ТИКВЕШИЈАТА ФАТЕНИ 14 ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ, ЕДЕН Е ГЛОБЕН СО 1.000 ЕВРА, А ДВАЈЦА ДОБИЛЕ УСЛОВНА ЗАТВОРСКА КАЗНА

    ВО ТИКВЕШИЈАТА ФАТЕНИ 14 ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ, ЕДЕН Е ГЛОБЕН СО 1.000 ЕВРА, А ДВАЈЦА ДОБИЛЕ УСЛОВНА ЗАТВОРСКА КАЗНАСудија од Основен суд Кавдарци изрекол и забрана за управување со моторно возило на одреден временски рок. (Фото: СДК.МК)

    Жителите на Тиквешијата се лидери од регионите во Македонија каде има најголем број регистрирано случаи на пијани возачи и тоа со висок промил алкохол во крвта. За пет месеци, од април до август годинава, Основнот јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци од СВР Велес добило 14 кривични пријави за кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило. Во еден случај, Основниот суд во Кавадарци изрекол пресуда со глоба од илјада евра. Во два случаи има и алтернативна затворска казна дека обвинентиот ќе лежи ако во определен временски рок не стори ново кривично дело.

    „Постапувајќи по добиените кривични пријави, Обвинителството до надлежниот суд поднесе осум предлози за казнени налози и два обвинители предлози, а во останатите предмети во тек е предистражната постапка. Судот, по поднесените предлози за казнени налози, во еден случај ја има определено паричната казна, а во останатите седум случаи уште нема одлука. По поднесените обвинителни предлози, обвинетите се огласени за виновни во двата случаи и изречена им е условна осуда“, соопштија од ОЈО Кавадарци.

    Во сите случаи надлежниот јавен обвинител предложил, а во три каде има и пресуди. Судија од Основен суд Кавдарци изрекол и забрана за управување со моторно возило на одреден временски рок. ОЈО Кавадарци ги покрива општините Кавадарци, Неготино и Демир Капија.

    Само во септември, СВР Велес информираше соопшти за повеќе случаи каде учесници се возачи од Тиквешијата. На 2 септември во 00:35 во Неготино, Д. С. (29) од Кавадарци возел дејство на алкохол со 2.67 промили алкохол во крвта. Два дена подоцна, на 4 септември во 14:15 часот во Неготино А. П. (50) од село Корешница, Демиркаписко, возел со 2.89 промили алкохол во крвта. Истиот ден вечерата во 19:45 часот во Кавадарци, Д. Т. (50) од Кавадарци, возел со 2.57 промили алкохол во крвта. На 7 септември во 15:20 часот на регионалниот пат Кавадарци-село Возарци, В. А. (65) од село Дреново, Кавадаречко, излетал од патот и имал 2,62 промили алкохол во крвта. На 14 септеври во 03:40 часот во Кавадарци Ј. С. (38) од Неготино возел „мазда“ со измерени 2,38 промили алкохол во крвта.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира