По синоќешните дождови настана оштетување на делови од новиот асфалт поставен на булеварскиот влез на Битола. Во должина од 200 метри на места асфалтот е подигнат од потребното ниво, а на места е спуштен во дупки. Ова е еден од капиталните проекти на сегашната локална власт во Битола предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски, која на локалните избори се бори за втор мандат. Пред седум дена на официјалната интернет страница на Општината беше објавено дека Битола добива нов булеварски влез и дека се финализираат активностите од првата фаза.
Оштетувањата по дождот предизвикаа реакции кај некои од кандидатите на советничките листи.
„Пет дена по асфалтурањето, патот го проголта земјата. Ова е улицата која 700 пати беше изрекламирана и најавувана како капитален проект на Битола. Со првиот дожд ја проголта земјата. Не можеме да се куртулиме од фушарај и крпеници“, изјави Иван Чулакоски од независната граѓанска иницијатива Поинаку, досегашен советник и кандидат за идниот Совет, кој во мај годинава исто така се снимаше на улицата Бурса каде асфалтот распука по асфалтирањето.
Од Општина Битола соопштија дека во текот на вчерашниот ден, по обилните врнеж

Пред седум дена на официјалната интернет страница на Општината беше објавено дека Битола добива нов булеварски влез и дека се финализираат активностите од првата фаза. (Фото: СДК.МК)
и од дожд, настана оштетување на тротоарот на дел од булеварскиот влез од страната на Прилеп, од десната насока. Тротоарскиот дел сè уште е во фаза на изведба. Од Општината велат дека од утринава, на терен се стручни екипи кои вршат теренска проверка со цел да ги утврдат причините за настанатата штета.
Булеварскиот влез беше на иницијатива на премиерот Христијан Мицкоски. Тој го стави и камен темелникот во јули 2024 и рече дека очекува „брзо да се заврши овој влез, со што ќе биде заокружена една целина“, а тогаш како изведувач на проектот беше посочена градежната компанија „Гранит“. Но во јуни годинава, при посетата на Битола изрази незадоволство од динамиката со која дотогаш се градеше патот.
- МИЦКОСКИ Е НЕЗАДОВОЛЕН ОД ДИНАМИКАТА СО КОЈА СЕ ГРАДИ БУЛЕВАРСКИОТ ВЛЕЗ ВО БИТОЛА, РОКОТ ИСТЕКУВА ЗА СЕДУМ МЕСЕЦИ, А НЕ Е ЗАВРШЕНО НИ 30 ОТСТО
- НОВИОТ БУЛЕВАРСКИ ВЛЕЗ ВО БИТОЛА ОСТАВИ ЖИТЕЛИ И ДУЌАНЏИИ БЕЗ ПРИСТАП ДО НИВНИТЕ ДОМОВИ И ДУЌАНИ
- ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ СТАВИ КАМЕН-ТЕМЕЛНИК ЗА ИЗГРАДБА НА ВЛЕЗОТ ВО БИТОЛА, НО ДОПРВА СЛЕДИ ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА НА ПРИВАТНОТО ЗЕМЈИШТЕ
Вечерва коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ има митинг во Битола за претстојните Локални избори, на кој ќе присуствува и претседателот на партијата Мицкоски.
Булеварскиот влез, со ширина од 27,5 метри, ширина на двата коловози од по 7,5 метри, со урбано уредена површина која ќе ги разделува двата коловоза со пешачки и велосипедски патеки од 5,5 метри по страните, ќе се гради до клучката каде ќе се поврзува со автопатот од Прилеп, кој исто така е во изградба.
Ж. ЗДРАВКОВСКА