ЈОРДАНСКИ НАУЧНИК СО ПАЛЕСТИНСКО ПОТЕКЛО МЕЃУ ГОДИНАШНИТЕ ДОБИТНИЦИ НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈА

    ЈОРДАНСКИ НАУЧНИК СО ПАЛЕСТИНСКО ПОТЕКЛО МЕЃУ ГОДИНАШНИТЕ ДОБИТНИЦИ НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ХЕМИЈАСусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар Јаги се наградени за нивното откритие на метални органски мрежи (Фото: АФП)

    Научниците Сусуму Китагава (Јапонија), Ричард Робсон (Велика Британија) и Омар Јаги (Јордан/САД) се годинашните добитници на Нобеловата награда за хемија. Тие се наградени за нивното откритие на метални органски мрежи.

    „Тројцата лауреати создадоа молекуларни конструкции со големи простори низ кои можат да течат гасови и други хемикалии. Овие метално-органски рамки можат да се користат за собирање вода од пустинскиот воздух, заробување јаглероден диоксид, складирање токсични гасови или за катализирање хемиски реакции“, се вели во соопштението на Нобеловиот комитет.

    Робсон (88) работел на Универзитетот во Мелбурн, Китагава (74) на Универзитетот во Кјото, а Јаги (60) на Универзитетот на Калифорнија во Беркли. Јаги е роден во Јордан и потекнува од семејство кое избегало од Палестина, а на 15 години се преселил во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира