КАКО „ПЛАТФОРМАТА“ ЕВОЛУИРАШЕ ВО „ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА“ ОТКАКО ВМРО ГИ ИЗГУБИ ШАНСИТЕ ЗА ВЛАДА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    КАКО „ПЛАТФОРМАТА“ ЕВОЛУИРАШЕ ВО „ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА“ ОТКАКО ВМРО ГИ ИЗГУБИ ШАНСИТЕ ЗА ВЛАДА

    Oд објавувањето на платформата на албанските партии на 7 јануари оваа година, ВМРО-ДПМНЕ неколкупати ја менуваше терминологијата, односно заборовите и изразите со кои во соопштенијата, изјавите и во интервјуа го нарекува овој документ.

    Агенцијата МЕТА објави графички приказ како терминологијата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се движела од само „платформа“, па преку „нова платформа“, „национална платформа“, „платформа на Албанците“, сè до последните „сеалбанска платформа“, „платформа од Тирана“ и „тиранска платформа“.

    7 јануари (православен Божиќ) 

    ДУИ, Беса, Алијансата на Албанците ја обзнануваат платформата, како основа на партиите на Албанците во преговорите за формирање на нова влада.

    9 јануари – „Платформа“ 

    Во интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за „Дневник“, објавено на 9 јануари, два дена по објавувањето на документот на албанските партии, зборот „платформа“ Груевски го употреби само двапати, при што само еднаш алудира на платформата на Албанците.

    9 јануари – „Платформа“ 

    Во соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ, објавени по 7 јануари, значи цел месец, се забележува дека изразот „платформата на Албанците“, многу малку или вооопшто не се употребува. Ова е случај сè до 8 февруари, кога јасно се користи овој термин.

    Дотогаш од партијата неколкупати истакнуваат дека „нема да се дозволи промена на Уставот со цел двојазичност на целата територија и продолжување на мандатот на СЈО“.

    „И ние и во ми­на­то­то, и се­га и во ид­ни­на ќе би­де­ме ре­чи­си 25 пар­тии во ко­а­ли­ци­ја со за­ед­нич­ка плат­фор­ма. Ако са­ка­ме да ја иг­ра­ме иг­ра­та со плат­фор­ми, не­ма проб­лем, та­ка ќе те­ра­ме от­се­га… За ме­не нај­важ­ни се ин­те­ре­си­те и на Ма­ке­дон­ци­те и на си­те гра­ѓа­ни на Ма­ке­до­ни­ја, вклу­чу­вај­ќи ги и Ал­бан­ци­те. Ина­ку, ве­ру­вам де­ка се свес­ни де­ка во ко­а­ли­ци­ја со СДСМ, плат­фор­ма­та што им ја сос­та­ву­ваа, по­ли­тич­ки мо­же да му по­мог­не нај­мно­гу на СДСМ кај ал­бан­ски­от елек­то­рат“, изјави Груевски во интервјуто за „Дневник“, со наслов „Влада да, но не по секоја цена“.

    10 јануари – „Таа платформа“

    „Имаше видливо негодување во врска со таа платформа и, евентуално, нели, сведувања на целата дискусија на некаков си бинационален дијалог помеѓу етничките заедници“ (изјава на Илија Димовски).

    30 јануари – ВМРО не ја спомнува „платформата“

    Тој документ воопшто не се спомнува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за пропаѓањето на преговорите со ДУИ за составување влада.

    8 февруари – „Нова платформа“

    „Во тој период беше очигледно дека имаше вмешување на надвореши фактори вклучувајки и соседни земји, што резултираше со изработка на нова платформа на албанските партии… и вистинското име на платформата е, всушност, обид за повторно преговарање на Охридскиот рамковен договор“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за средбата меѓу Груевски и амбасадорката на Турција во земјава, Еркал Кара.

    9 февруари – „Национална платформа“ 

    Во соопштението на партијата за средбата меѓу Груевски и амбасадорот на Франција во земјава, се користат термините „понудената платформа“, „национална платформа“.

    25 февруари – „Платформата од Тирана“

    „Реализацијата на платформата од Тирана и обидите преку наметнувањето на албанскиот јазик како официјален, претставува редефинирање на Република Македонија и оди спротивно на мултиетничкиот карактер на државата, ставајќи ги припадниците на другите етнички заедници во подредена позиција“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со заклучоците од седницата на извршниот комитет на партијата.

    2 март – „Платформата на премиерот на Албанија, Рама, од Тирана“

    „Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од платформата на премиерот на Албанија, Рама, од Тирана, негативните последици што се предизвикуваат од бруталното мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство“, беше наведено во партиското соопштение за средбата меѓу Груевски и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини.

    5 март – „Платформа на Албанците“, „сеалбанска платформа“

    „Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да се преземе обврска да се промени името во рок од една година само за да се задоволи барањето од сеалбанската платформа за брз влез во НАТО“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

     6 март – Партијата првпат го користи терминот „тиранска платформа“

    „На изборите кои поминаа, граѓаните гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, а не за тиранската платформа. Недозволиво е тиранска платформа да стане услов за формирање влада во Република Македонија. Таа влада би била тиранска влада“, се вели во соопштението на партијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира