НЕ САКАМЕ ЦАРИНСКА ВОЈНА, НО НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД НЕА, МУ ОДГОВОРИ КИНА НА ТРАМП

    НЕ САКАМЕ ЦАРИНСКА ВОЈНА, НО НЕ СЕ ПЛАШИМЕ ОД НЕА, МУ ОДГОВОРИ КИНА НА ТРАМППристаниште во кинеската провинција Шандонг. (Фото: АП)

    Кина сигнализираше дека нема да отстапи пред заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 100 отсто, повикувајќи ги САД да ги решат несогласувањата преку преговори, а не со закани.

    „Ставот на Кина е конзистентен. Не сакаме царинска војна, но не се плашиме од неа“, соопшти кинеското Министерство за трговија.

    Ова е прв официјален коментар од Пекинг по заканата на Трамп дека до 1 ноември ќе ги зголеми царините за увоз на кинески стоки, како одговор на новите кинески рестрикции за извоз на ретки метали, кои се од витално значење за широк спектар на потрошувачки и воени производи.

    Најновата размена на закани може да ја загрози можната средба меѓу Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг и да стави крај на примирјето во трговската војна, во која двете страни во април накратко воведоа царини повисоки од 100 отсто.

    Од стапувањето на должност, Трамп ги зголеми даноците за увоз од многу трговски партнери на САД во обид да издејствува отстапки. Кина, потпирајќи се на својата економска моќ, е една од ретките земји што не попушти.

    „Честото прибегнување кон закани со високи царини не е правилниот начин за односи со Кина“, се вели во објавата на кинеското Министерство за трговија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира