ГРЧКИТЕ ЛЕКАРИ СЕ СУДРИЈА СО ПОЛИЦИЈАТА ПРИ ПОСЕТАТА НА МИЦОТАКИС НА БОЛНИЦА ВО АТИНА

    ГРЧКИТЕ ЛЕКАРИ СЕ СУДРИЈА СО ПОЛИЦИЈАТА ПРИ ПОСЕТАТА НА МИЦОТАКИС НА БОЛНИЦА ВО АТИНАЗдравствените работници протестираа поради недостиг на кадар, ниски плати и лоши услови за работа (Фото: АП)

    Полицијата во опрема за разбивање нереди се судри со лекарскиот персонал од државна болница во Атина при посетата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Полицајците фрлија солзавец и употребија палки и штитови за да ги потиснат лекарите од универзитетската клиника „Атикон“, кои бараа да се сретнат со Мицотакис, објавија грчките медиуми.

    Здравствените работници протестираа поради недостиг на кадар, ниски плати и лоши услови за работа.

    Придружуван од министерот за здравство Адонис Георгијадис, Мицотакис ја посети болницата во Атина за да го отвори новото одделение за онкологија.

    „Тие мислат дека ќе им се заблагодариме затоа што ни должат 10.000 дена отсуство. Мислат дека ќе им се заблагодариме што ни ги држат платите замрзнати“, рече Јоргос Сидерис, претседател на Здружението на лекари на Атина и Пиреја.

    Тој додаде дека 130 пациенти моментално спијат во ходниците на болницата поради пренатрупаност и итно се потребни дополнителни 125 медицински сестри.

    Зборувајќи на инаугурацијата, Мицотакис рече дека редовното финансирање на „Атикон“ се зголемило од 90 на 150 милиони евра.

    „И бројот на вработени е зголемен, иако не на нивото што би го сакале, но ние продолжуваме да инсистираме на ова за сеопфатно реструктурирање на националниот здравствен систем“, рече Мицотакис.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира