„ГО ПРОГЛАСУВАМ НУСЕТО ГАБРИЕЛА ЗА УМРЕНО“, НАПИША НА ФЕЈСБУК БИТОЛСКИОТ КАНДИДАТ ЗА СОВЕТНИК ЉУПЧО ПЕТРОВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА КАНДИДАТКАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ИЛИЕВСКА, ТАА ГО ПРИЈАВИ ВО МВР ЗА ГОВОР НА ОМРАЗА

    „ГО ПРОГЛАСУВАМ НУСЕТО ГАБРИЕЛА ЗА УМРЕНО“, НАПИША НА ФЕЈСБУК БИТОЛСКИОТ КАНДИДАТ ЗА СОВЕТНИК ЉУПЧО ПЕТРОВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА КАНДИДАТКАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ИЛИЕВСКА, ТАА ГО ПРИЈАВИ ВО МВР ЗА ГОВОР НА ОМРАЗАЉупчо Петровски кој е на 21 место на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, откако го избриша коментарот, под истата објава напиша  дека немал намера никого да навреди или да се заканува, туку метафорички да се изрази во стилот на реисот Сулејман Реџепи кој ја прогласи „короната за умрено“. (Фото: Принтскрин Фејсбук)

    „Го прогласувам нусето Габриела за умрено“, напиша кандидатот за советник Љупчо Петровски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Битола на Фејсбук за кандидатката за градоначалничка Габриела Илиевска од граѓанската иницијатива „Поинаку“. Коментарот го напиша на фејсбук профилот на градоначалникот Тони Коњановски од истата партија, под објава на која Коњановски ги повикува граѓаните да проследат ТВ дебата со кандидатите за градоначалници.

    Откако реагираа кандидатите за советници од „Поинаку“ и самата Илиевска, коментарот беше избришан.

    „Ова го оценувам како говор на омраза и дискриминација и случајот го пријавив во МВР. Не само што доаѓа од кандидат за советник, туку го напишал и на фејсбук профилот на градоначалникот. Случајно го забележавме и откако изреагиравме и ги тагнавме пратениците од оваа партија, коментарот беше избришан. Какво е тоа извинување во коментар, се знае како треба да биде вистинско извинување. Но, јас не побарав да се извини, случајот го пријавив во МВР. Сакам сега да ги видам солидарните жени кои се кандидатки на истата листа“, рече Илиевска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Петровски кој е на 21. место на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ во Битола, откако го избриша коментарот, под истата објава напиша  дека немал намера никого да навреди или да се заканува, туку метафорички да се изрази во стилот на реисот Сулејман Реџепи  кој кажа дека ја прогласува „короната за умрено“.

    „Говор на омраза? Мојот хумористичен коментар беше погрешно протолкуван, јас само коментирав ТВ дебата. Ѝ се извинив на госпоѓата  Илиевска јавно и многу жалам што предизвикав ваква реакција, и ѝ посакувам сѐ најдобро во животот и во политичката кариера“, одговори Петровски на нашето прашање зошто користел говор на омраза.

    Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, пратеникот Пеце Милевски на прашањето како го коментира ваквото однесување, ни напиша дека Петровски на местото каде што имал свој коментар веќе си дал и извинување. Милевски рече дека нема потреба од повеќе коментари и се надева дека новинарите вака ќе реагираат и за коментари дадени од кандидати на „Поинаку“ на Фејсбук.

    Однесувањето на Петровски го осуди и кандидатот за градоначалник на СДСМ Методија Куновски, нагласувајќи дека како човек и како кандидат за градоначалник, секогаш ќе застанува против секој обид да се потценува или навредува жена, политички противник или било кој граѓанин.

    На овие избори Битола има осум канидати за градоначалници, меѓу кои во трката за втор мандат е и актуелниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира