ТРАМП И ПУТИН ДОГОВОРИЈА НОВА СРЕДБА ВО БУДИМПЕШТА

    ТРАМП И ПУТИН ДОГОВОРИЈА НОВА СРЕДБА ВО БУДИМПЕШТАТрамп и Путин имале двочасовен телефонски разговор (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека договорил нова средба со Владимир Путин за да разговараат за завршување на војната во Украина. Американскиот претседател утре ќе се сретне со Володимир Зеленски во Белата куќа.

    Трамп кажа дека средбата со Путин ќе се одржи во Будимпешта, а ја договориле во денешен двочасовен телефонски разговор, што го опиша како многу продуктивен. Кремљ ја потврди средбата, чиј датум засега не е утврден.

    Изненадувачкиот развој на настаните се случува додека Зеленски е на пат за Вашингтон, каде што ќе се обиде да договори уште воена поддршка од САД, надевајќи се дека тоа ќе вклучи и проектили со долг дострел „томахавк“. Ова сега се доведува во прашање по помирливиот тон на разговорот Трамп-Путин.

    За време на денешниот разговор, Путин му рекол на Трамп дека испораката на вакви проектили ќе ги наруши мировниот процес и американско-руските односи, изјави советникот на Кремљ, Јури Ушаков.

    Трамп ја предложи Будимпешта за место на средбата и Путин веднаш се согласи. Двете страни веднаш ќе почнат со подготовките за средбата“, изјави Ушаков.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој има блиски односи и со Трамп и со Путин, изјави дека Будимпешта е спремна да ги пречека двајцата лидери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира