До 17 часот излезноста на Локалните избори е 39,61 процент. На Локалните избори во 2021 до 17 часот беше 41,38%.
Најголема излезност има во општините Вевчани 61,84%, Дебарца 53,41%, Демир Капија 57,65%, Дојран 60,91%, Зелениково 52,77%, Карбинци 50,25%, Конче 55,13%, Крива Паланка 56,01%, Крушево 60,31%, Лозово 61,09%, Македонски Брод 59,66%, Пробиштип 56,43%, Ранковце 57,07%, Чашка 65,50% и во Чучер Сандево 51,74%.
Најмала излезност има во општините Шуто Оризари 30,38%, Радовиш 31,57%, Маврово-Ростуше 25,89%, Пласница 32,87% и во Врапчиште 20,94%.
Во Скопје, во Општина Аеродром излезноста е 39,32%, Бутел 42,29%, Гази Баба 35,55%, Карпош 42,86%, Кисела Вода 39,37%, Центар 42,35%, Чаир 45,09%, Ѓорче Петров 37,73%, Сарај 47,94% и во Шуто Оризари 30,38%.
Од ДИК кажаа дека досега нема пристигнато поплаки и неправилноти кои биле пријавени од избирачките одбори.
А. АНТЕВСКА