ИВАН ЈОРДАНОВ Е ПРВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП КОЈ ДОБИВА ВТОР МАНДАТ

    ИВАН ЈОРДАНОВ Е ПРВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШТИП КОЈ ДОБИВА ВТОР МАНДАТЈорданов кажа дека разликата во гласови е 6:1 во однос на противкандидатот (Фото: Фејсбук)

    Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ е првиот градоначалник на Штип кој добива втор мандат на локални избори, потврдувајќи го уште во првиот круг. Јорданов е осми штипски градоначалник во независна Македонија.

    Иако резултатите не се официјално соопштени, Јорданов врз основа на големата разлика во гласови ја прослави победата на Градскиот плоштад во Штип заедно со своите соработници, членови на неговата партија и голем број граѓани.

    „Разликата во гласови е 6:1 во однос на противкандидатот, а нешто слично е и со советничката листа, што значи дека на локална основа во иднина нема да имаме опструкции, но ќе имаме комплетна одговорност за натамошниот развој на Штип. Тоа за сите нас ќе претставува нов предизвик да го развиваме градот чесно и транспарентно повеќе отколку досега. Само така ќе ја оправдаме големата доверба на граѓаните што по вторпат ни ја даваат“, рече Јорданов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира