НЕ САКАМ УШТЕ ЕДЕН ЗАЛУДНО ПОТРОШЕН СОСТАНОК, КАЖА ТРАМП ЗА ПРОПАДНАТИОТ САМИТ СО ПУТИН

    НЕ САКАМ УШТЕ ЕДЕН ЗАЛУДНО ПОТРОШЕН СОСТАНОК, КАЖА ТРАМП ЗА ПРОПАДНАТИОТ САМИТ СО ПУТИНТрамп повика војната во Украина да се замрзне на сегашната линија на фронтот, што Русија не го прифаќа (Фото: АФП)

    Доналд Трамп потврди дека засега нема да има втор самит со Владимир Путин, велејќи дека не сака уште еден залудно потрошен состанок. Трамп навести дека клучна пречка останува одбивањето на Русија да ги прекине борбите на сегашната линија на фронтот.

    Висок функционер на Белата куќа претходно кажа дека нема планови за средба Трамп-Путин во блиска иднина.

    Минатата недела, Трамп објави дека ќе се сретне со рускиот претседател во следните две недели и Будимпешта веќе беше потврдена како место на средбата. На ова требаше да му претходи подготвителна средба на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, планирана за овој четврток во Будимпешта, но таа била откажана откако двајцата имале „продуктивен“ телефонски разговор, кажаа од Белата куќа.

    Клучните разлики помеѓу американските предлози и руските предуслови за мир станаа сè појасни оваа недела и се чини дека ги уништија шансите за нов самит. Трамп ја договараше средбата во Будимпешта преку телефон со Путин, еден ден пред да го нагости Володимир Зеленски во Белата куќа.

    Трамп потоа повика војната во Украина да се замрзне на сегашната линија на фронтот, што Русија не го прифаќа. И европските сојузници на Украина вчера кажаа дека сегашната линија на фронтот треба да биде почетна точка за какви било преговори.

    Москва е заинтересирана само за долгорочен, одржлив мир. Треба да се решат суштинските причини на конфликтот“, повтори Лавров.

    Ројтерс“ објави дека Русија викендов испратила приватно соопштение до САД, во кое ги повторила своите познати услови за постигнување мировен договор со Украина, рекле двајца американски функционери. Во него се наведуваат барањето на Русија да ја преземе контролата врз целиот регион Донбас и неприфаќањето на распоредувањето на трупи на НАТО во Украина како дел од мировен договор.

    Трамп и Путин се сретнаа на Алјаска во август, но овој самит не даде конкретни резултати.

    Одлуката на Белата куќа да ги одложи плановите за втор состанок можеби е обид да се избегне уште едно слично сценарио. Претпоставувам дека Русите сакаат премногу и за Американците стана очигледно дека нема да има договор за Трамп во Будимпешта“, изјави за „Ројтерс“ висок европски дипломат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира