ХРВАТСКА ГО ВРАЌА ЗАДОЛЖИТЕЛНИОТ ВОЕН РОК СЛЕДНАТА ГОДИНА, ЌЕ ТРАЕ ДВА МЕСЕЦА

    ХРВАТСКА ГО ВРАЌА ЗАДОЛЖИТЕЛНИОТ ВОЕН РОК СЛЕДНАТА ГОДИНА, ЌЕ ТРАЕ ДВА МЕСЕЦАСите 18-годишници ќе се запишуваат во воената евиденција (Фото: Пиксел)

    Хрватскиот парламент ги изгласа измените на законот за одбрана, со што се потврди враќањето на задолжителниот воен рок.

    Таканареченето темелно воено оспособување ќе трае два месеца, првите покани ќе бидат испратени до крајот на годината, а служењето ќе почне следната година и ќе се одвива во три касарни.

    Сите 18-годишници ќе се запишуваат во воената евиденција, а на воена обука ќе се испраќаат во календарската година кога полнат 19 години. Пред обуката ќе одат на лекарски преглед за да се утврди дали се способни за неа. Жените ќе можат доброволно да се пријават за воен рок.

    Оние кои одбиваат служење воен рок од верски или морални причини ќе можат да одработат темелна обука од три месеци во цивилна заштита.

    Надомест за военото оспособување ќе изнесува 1.100 евра месечно и ќе биде вклучено во работен стаж.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира