КАРАЏОВСКИ БАРА РАЗБИРАЊЕ ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО КРИВИЧНИОТ СУД

a:1:{s:9:"td_source";s:41:"Скопје,(САКАМДАЖАМ.МК)

    КАРАЏОВСКИ БАРА РАЗБИРАЊЕ ОД ГРАЃАНИТЕ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО КРИВИЧНИОТ СУД

    Судскиот совет нема ингеренции да го разгледа Годишниот распоред на судии и да влијае на него, вели претседателот на Советот Зоран Караџовски, но бара разбирање од граѓаните за тоа што се одлагаат предметите во Кривичниот суд, поради преместувањето на 20-тина судии и оттргнувањето од предметите што си ги воделе.

    В.д. претседателката на Основниот суд Скопје 1 Татјана Михајлова, си поднесе оставка откако Врховниот суд го стопираше нејзиниот Годишен распоред на судии, со кој 20-ина судии размести од оддел во оддел без нивна согласност. Михајлова, според изјавите на разместените судии, ги тргнала практично сите судии од претходна постапка, од кривичниот оддел за полнолетни и од одделот за организиран криминал, кои би можеле да имаат каков било допир со предметите на Специјалното јавно обвинителство, а притоа не се блиски соработници со неа и со екпретседателот Владимир Панчевски.

    За последиците врз граѓаните од напуштањето на стотиците предмети коишто ги воделе овие судии, додека не ги пресретна новиот распоред од Михајлова, тие веќе зборуваа во САКАМДАКАЖАМ.МК, посочувајќи и конкретни бројки за заостанување на судски предмети.

    ДВЕ ИЛЈАДИ ПРЕДМЕТИ НА ПОВТОРНО СУДЕЊЕ ПОРАДИ СМЕНЕТИТЕ СУДИИ ВО КРИВИЧНИОТ СУД

    „Знам дека дел од предметите се одлагаат, директно Судскиот совет не може да влијае и да закажува судење и слично, и затоа постојано, уште од добивањето на писмениот поднесок со оставката на колешката Михајлова, бараме најсоодветно решение, кое ќе биде и во интерес на Кривичниот суд, на судиите од тој суд и на граѓаните“, рече Караџовски.

    „Општата седница на Врховниот суд одлучи по приговорите за распоредот во Кривичниот суд и за тој во Врховниот суд и треба да се продолжи со санирање на тие повреди. Не е во ред да се усложнува состојбата со моментот на поднесувањето на оставката. Од поднесените приговори против распоредот на колешката Татјана Михајлова, имаме дел прифатени и тука се надевам дека ќе наидеме на разбирање од граѓаните“, додаде тој.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира