„Убаво ми е тука, но театарот е мојот свет“, ни рече Тања Кочовска пред настапот на јубилејниот 40. Макфест со песната „Твојте очи, сине“. Кочовска доби голем аплауз од пуликата во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип и се расплака пеејќи една од најслушаните макдонски балади на сите времиња. Иако долго време професионално не пее, гласот и изведбата ѝ се моќни како пред 30-тина години.
„Емоции. Среќен роденден, Макфест“, рече таа по настапот додека публиката долго ѝ аплаудираше.
„Ја паметам јасно таа 1993. Кога ќе се вратам назад со мислите си велам, убави времиња. Но, сепак, ова не е веќе мојот свет. Мојот свет е театарот, таму припаѓам. Тешко дека сега би се решила за друг фестивалски настап. Сега имав прекрасен повод“, ни рече Кочовска.
Автори на овој евергрин се Кире Костов и Миодраг Врчаковски. Ќерката на Кире Костов, Ана Костадиновска беше дел од придружнте вокали на фестивалот. Тања Кочовска има настапувано на Макфест сама и заедно со нејзината сестра ѝ Лидија, Игор Џамбазов и Џон Илија Апелгрен со песната „Љубов, запеј ни“ во 1991.
- МАРИЈАНА МИ ДАДЕ БЛАГОСЛОВ ДА ЈА ПЕАМ „ПРИЗНАВАМ“ БЕЗ НЕА НА МАКФЕСТ, РЕЧЕ РОСАНА САРИЌ-ТОДОРОВСКА
- МАКФЕСТ Е ЈАК КАКО ПРЕМИЕР ЛИГАТА, РЕЧЕ МИКИ ЈОВАНОВСКИ-ЏАФЕР НА ЕМОТИВНИОТ 40-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ НА ФЕСТИВАЛОТ
М. ЏАРОВСКА



