ВЛАДКО ГРОЗДАНОВ ОД ВМРО-ДПМНЕ Е НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КОЧАНИ

    ВЛАДКО ГРОЗДАНОВ ОД ВМРО-ДПМНЕ Е НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КОЧАНИИзлезноста во вториот круг во Кочани изнесуваше 43,01 отсто. (Фото: Фејсбук)

    Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, е нов градоначалник на Општина Кочани, откако победи во вториот круг од изборите.

    По обработени 100 отсто од гласовите, Грозданов освои 7.368 гласови, додека неговиот противкандидат Венко Крстевски, кој беше в.д. градоначалник и на изборите настапи како независен, доби поддршка од 5.914 гласачи.

    Излезноста во вториот круг во Кочани изнесуваше 43,01 отсто, а регистрирани се и 697 неважечки ливчиња.

    Претходниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ, поднесе оставка по пожарот во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 63 луѓе и над 200 беа повредени. Тој е меѓу обвинетите во случајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира