Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски е нов градоначалник на Општина Карпош. Тој во вториот круг го победи досегашниот градоначалник Стевчо Јакимовски од ГРОМ. Лукровски според резултатите на Државната изборна комисија освои 13.265 гласови, додека Јакимовски 12,178.
Во Општина Центар победи актуелниот градоначалник Горан Герасимовски од СДСМ. Тој освои 10.561 глас, додека неговиот противкандидат Мирослав Лабудовиќ од ЗНАМ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ 7.732 гласови.
Втор круг во скопските општини имаше и во Општина Аеродром каде победи актуелниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Дејан Митески кој освои 18.019 гласови, а кандидатот на СДСМ Александар Трајковски 9.608 гласови.



