БИВШИОТ ТРЕНЕР НА ШКУПИ МЛАДЕН ЖИЖОВИЌ ПОЧИНА ЗА ВРЕМЕ НА ПРВОЛИГАШКИ НАТПРЕВАР ВО СРБИЈА

    БИВШИОТ ТРЕНЕР НА ШКУПИ МЛАДЕН ЖИЖОВИЌ ПОЧИНА ЗА ВРЕМЕ НА ПРВОЛИГАШКИ НАТПРЕВАР ВО СРБИЈАЖижовиќ го оствари најголемиот успех како тренер на Борац од Бања Лука (Фото: СПП)

    Тренерот на српскиот фудбалски прволигаш Раднички Крагуевац, Младен Жижовиќ, почина за време на денешниот натпревар со Младост во Лучани.

    Четириесет и четиригодишниот Жижовиќ, кој работеше и во македонскиот фудбал како тренер на Шкупи, ненадејно падна покрај клупата во средината на првото полувреме и иако накратко ја поврати свеста по реакцијата на лекарските екипи, почина по 20 минути пред да биде префрлен во болница.

    Роден во 1980, Жижовиќ играше за повеќе екипи од Балканот и одигра два натпревара за репрезентацијата на БиХ.

    Во тренерската кариера го водеше и скопскиот клуб Шкупи во сезоната 2023/24, а најголемиот успех го оствари како тренер на Борац од Бања Лука, со кој стигна до групната фаза на Лигата на конференции минатата сезона. Во Раднички дојде пред само десетина дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира