ПРАТЕНИЦИТЕ ДВА МЕСЕЦА НА ОДМОР, НЕ СЕ ИЗРАБОТУВААТ И НЕ СЕ ПОДНЕСУВААТ ЗАКОНИ, ИСТО КАКО ДА НЕМА НИ ВЛАДА И МИНИСТЕРСТВА

    ПРАТЕНИЦИТЕ ДВА МЕСЕЦА НА ОДМОР, НЕ СЕ ИЗРАБОТУВААТ И НЕ СЕ ПОДНЕСУВААТ ЗАКОНИ, ИСТО КАКО ДА НЕМА НИ ВЛАДА И МИНИСТЕРСТВАДолго време нема закони за реформи, за подобрување на стандардот и животот на граѓаните (Фото:СДК.МК)

    Пратениците кои од 15 септември не работат поради изборите, си го продолжија одморот дополнително, уште оваа недела. Во еден долг континуитет нема закажано ниту пленарна седница, ниту пак седници на работните тела, нема материјали, предлог-закони од Владата, од министерствата, а ни пратениците немаат желба ни потреба да предложат.

    Последен пат пакет-социјални и работнички закони предложија пратениците од СДСМ, според неостварените ветувања дадени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, но владејачкото мнозинство не им ги прифати.

    На веб-страната на Собранието, под насловот „материјали“ има само еден предлог-закон од третина страничка, само за бришење на член 56 и 57, од Законот за гранична полиција. Го поднел министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Нема закони за реформи, или за подобрување на стандардот и животот на граѓаните.

    Ништо нема ни од Министерството за правда, главниот креатор на законите и на законските измени во секоја држава. Според бројот на пристигнати материјали на веб-страната на Собранието, всушност како да немаме влада и министерства.

    Единствено што е пристигнато, како и секоја година од постоењето на Парламентот, е предлогот за новиот Буџет, бидејќи мора да се почитуваат роковите.

    Според Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ, нема поле каде што напредуваме со реформите. Сегде има стагнација, но тоа Собранието очигледно не го интересира. Нема напредок во борбата против корупцијата, нема ни во јавната администрација, програмата за реформа на јавните финансии 2022-2025 има низок степен на имплементација, нема демократска дебата во Собранието, законите се носат по скратена постапка…

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира