АМЕРИКАНЦИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 2.000 ДОЛАРИ ОД ПРИХОДИТЕ ОД ЦАРИНИТЕ, КАЖА ТРАМП

    АМЕРИКАНЦИТЕ ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 2.000 ДОЛАРИ ОД ПРИХОДИТЕ ОД ЦАРИНИТЕ, КАЖА ТРАМПТрамп не појасни како би се распределиле овие пари (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека секој Американец, со исклучок на богатите, ќе добие најмалку 2.000 долари од приходите од новите царини собрани од неговата влада.

    „Дивиденда од 2.000 долари по лице (без луѓето со високи приходи) ќе им се исплати на сите“, рече Трамп.

    Од владата немаше појаснување како би се распределиле овие пари.

    „Оние што се против царините се будали. Земјата добива трилиони долари од царините и наскоро ќе почне да го отплаќа огромниот долг од над 37 трилиони долари“, кажа Трамп.

    Министерството за трговија објави во септември дека во првите три тримесечја од годината биле собрани 195 милијарди долари од царините. Министерот Скот Бесент изјави во август дека приоритет на владата е намалувањето на националниот долг со помош на приходите од царините.

    Според истражувачкиот центар „Пју“, четири петини од американските граѓани би можеле да се квалификуваат за предложената дивиденда на Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира